Германските власти примиле 250.000 молби за азил кои претстои да бидат разгледани, соопшти Федералната служба за миграција и бегалци. Се очекува во оваа година бројот на молбите да биде околу 500 илјади.
– Тоа е навистина огромна бројка, изјави Манфред Шмит претседател на таа служба. Процедурата за разгледување според него, може да одземе околу три месеци.
Се очекува државните расходи за мигрантите да се зголемат повеќе од двојно оваа година, достигнувајќи сума од околу пет милијарди евра. Во 2014 година таа сума беше 2,2 милијарди.
Во првата половина од оваа година во Германија беа регистрирани 202 инцидента врз имигранти и таа бројка се зголемува речиси неделно, јави ДПА.