Возачот на Мекларен, Фернандо Алонсо изјави дека очекува многу подобри резултати во втората половина на сезоната, откако на последната трка во Будимпешта го освои петтото место.
– Конечно имав многу добро балансиран болид, а тоа во Унгарија ми овозможи да одам со полн гас во текот на целата трка. Очигледно е дека сме подобри од трка во трка и дека болидот е сѐ посигурен и поподготвен. Поради ова мислам дека ќе се види наш напредок во вториот дел од сезоната, истакна Алонсо.
Шпанецот кој вози за Мекларен со само 11 освоени бода се наоѓа на 15.место во Генералниот пласман.
Можност да го зголеми своето бодовно салдо и клупскиот пласман Алонсо ќе има на следната трка која ќе се вози во Белгија на 23 август.