Романија и Бугарија на првите места според „индексот на бесчувствителност“

Од:

Романскиот весник „Адеврул“ денеска го претстави „индексот на бесчувствителност на високите државни службеници во однос на платите“, кој претставува компарација меѓу платите на државната политичка елита и просечната плата во земјата.

Тројното зголемување на платите на високите државни службеници во Романија стапи во сила на 1. август, со што земјата е на прво место со најголема разлика меѓу платите на обичните луѓе и луѓето од прв ранг, истакнува „Адеврул“.

Претседателот и премиерот на Романија Клаус Јоханис и Виктор Понта ќе земаат приближно девет просечни плати. Разликата меѓу платите на државната политичка елита и граѓаните е 8,7 пати односно просечна бруто плата во Романија е 563 евра, а на високите државни службеници – 4.895 евра.

Романскиот вицепремиер Габриел Опрја изјави дека државните функционери треба да имаат плати на ниво на ЕУ за да не бидат корумпирани.

Весникот објавува и за другите држави. Бугарија е на второ место по „индексот на бесчувствителност“, бугарскиот претседател има плата од 2.950 евра, премиерот 2.280 евра, што е за 6,5 пати односно петпати повеќе од просечната месечна плата од 450 евра.

И унгарскиот премиер Виктор Орбан има за 6,2 пати поголема плата од просечната плата на граѓаните.

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас има месечен приход од 7.123 евра односно 5,6 пати повеќе од по просечната плата.

Претседателот и премиерот на Франција во 2012 година ги намалија своите плати за 30 проценти и сега тие земаат 14.836 евра што се 5,9 просечни плати. Германската канцеларка заработува 18.000 евра месечно односно 5,1 пати повеќе од просечната плата од 3.527 евра.

Премиерот на Шпанија и на Норвешка имаат трипати поголема плата од месечната заработувачка на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада