Осуда од СПУКМ за молотовите коктели во „Гоце Делчев“

Од:

Студентскиот парламент при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, упати најстрога осуда за настанот кој утрово ги вознемири студентите сместени во домот Гоце Делчев во скопско Тафталиџе, кога засега непознати сторители од возило во движење фрлиле молотови коктели кои експлодирале на една од терасите и во дворот од студентскиот дом

Според информации од МВР, настанот се случил десет минути по пет часот утрово, кога две лица од автомобил фрлиле три шишиња со запаллива течност.

Студентите веднаш ги изгасиле молотовите коктели. СВР Скопје изврши увид на лице место и презема мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

Според сознанија на Студентскиот Парламент при УКИМ, непознатите лица не биле студенти сместени во домот, а фрлиле два молотови коктели.

„Еден од нив завршил во терасата на една од собите во домот. Настанот е пријавен во полиција и се трага по сторителите“, известуваат од СПУКМ.

„Ние најстрого го  осудуваме секој обид за насилство врз студентите. Веќе сме во разговори со полицијата и им ја понудивме нашата помош за да дејствуваме да се разреши случајот, но и со тоа да не дозволиме да се повтори истиот. Во моменти кога на студентите им следуваат големи промени, ги чекаат подобрување на стандардите, условите во домови, и подобрување во целост на студентскиот живот, насилството ќе го осудиме најстрого. Тоа е она кое што не навраќа наназад и оневозможува промените и реформите да се случат. За таа цел ги молиме сите студенти да ни помогнат во борбата и доколку знаат нешто да соработуваат со нас и со полицијата, но и да помогнат овој немил настан да не се повтори“, велат од СПУКМ.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски