Македонските одбојкари по вторпат подобри од Австрија

Од:

Одбојкарска репрезентација на Македонија ја забележа втората победа против Австрија и вкупно петта во групата од Европската лига откако во СЦ „Борис Трајковски“ исто како и вчера славеше со 3:0 во сетови.

Со овој триумф македонските одбојкари се искачија на втората позиција на табелата и си ги зголемија шансите за пласман на завршниот турнир кој ќе се одигра во Полска.

Првиот сет заврши со резултат 25:22 иако гостите до средината на сетот водеа, но во завршницата избраниците на селекторот Жарко Ристоски одиграа посигурно и први стигнаа до 25-от поен.

Во вториот сет беше 25:19 по што се најавуваше посакуваниот убедлив триумф кој беше потврден сo 25:22 во третиот сет.

Табела во групата-А по осум одиграни натпревари:

1.Естонија 23 бодови,
2.Македонија 16,
3.Полска 15,
4.Австрија 9,
5.Данска 5,
6.Израел 4.

Наредниот петок и сабота (7 и 8 август) Македонија и гостува на Полска. Со евентуални две победи и шест освоени бода, како и два пораза на Грција на гостувањето во Словенија, Македонија ќе го повтори ланскиот успех кога играше полуфинале во Европската лига.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ