Мал авион утрово се урна во близина на селото Дони Лапац, западна Хрватска. Во авионската несреќа загина пилотот.
Причините за авионската несреќа се испитуваат.
Тоа е втор инцидент во Хрватска за два дена. Вчера во близина на аеродромот во Дарувар се урна спортски авион при што загинаа две лица.