Драгасакис: Грчката економија ќе се подобри во втората половина од 2016 година

Од:

Економскиот пад на Грција годинава може да достигне од четири до пет проценти од бруто домашниот производ ако не се преземат мерки против рецесијата, изјави грчкиот вицепремиер Јанис Драгасакис во интервју за весникот „Рилњуз“.

Тој наведе дека заживување на економијата може да се очекува во втората половина од 2016 година.

Драгасакис одговарајќи на прашањето како може да се ограничи рецесијата посочи дека потпишувањето на договорот со кредиторите за третата транша во висина од околу 86 милијарди евра и со рекапитализација на банките ќе помогнат во елиминирањето на несигурноста во економската сфера.

Грчките банки имаат голем број ненаплатени кредити и во последните месеци изгубија 48 милијарди евра поради масовното повлекување на депозиите од страна на физичките и правните лица, Потребни се околу 25 милијарди евра за рекапитализација на банките. За да се спречи крах на грчкиот банкарски систем на 29 јуни беше воведена контрола на капиталот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит