По повод одбележувањето на националниот празник Илинден денеска, во рамки на предвидените манифестации во Скопје, Крушево (Мечкин Камен) и во Меморијалниот комплекс Пелинце, Кумановско ќе биде применет посебен собраќаен режим со цел непречено и безбедно одвивање на закажаните настани за чествување на празникот.
Со почеток во 10.30 часот во централното градско подрачје во Скопје ќе се воспостави посебен режим на сообраќај. За сообраќај ќе бидат затворени дел од улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“ и тоа на потегот од крстосницата со булеварот „Кочо Рацин“ до крстосницата со улицата „Васил Главинов“, улицата „Филип Втори Македонски“ од крстосницата пред хотелот „Холидеј Ин“ до Градска болница и улицата „Даме Груев“, на потегот од крстосницата со улицата „Македонија“ до Собранието на Република Македонија.
Во Крушево, согласно мерките на СВР Битола, посебен сообраќаен режим е предвиден за 1 и 2 август. Во периодот од 18 до 24 часот ќе биде забранет сообраќајот за сите видови возила по главната сообраќајницa во градот од влезот во Крушево, местото викано Стара бензиска до крстосницата „Тагас“.
Возилата можат да се движат заобиколно преку хотелот „Монтана Палас“ до Спомен-куќата на Тодор Проески и месноста викана „Гумење“. В недела ќе биде забранет сообраќајот по главната сообраќајница од 9 до 11 часот, додека во периодот од 10 до 13 часот ќе биде забранет сообраќајот од Бензиска пумпа до Мечкин Камен.
Забраната за одвивање на сообраќајот за трактори, земјоделски машини и запрежни возила ќе важи за 1 и 2 август од 00 до 24 часот на регионалниот пат Прилеп – Крушево и Демир Хисар – Крушево, а на 2 август ќе биде забранет сообраќајот за товарните моторни возила. За 1 и 2 август ќе биде забрането паркирање на патнички и тешки моторни возила по главната сообраќајница во Крушево.
Во Пелинце почетокот на празничната манифестација е закажан за во 10 часот. Се апелира до граѓаните кои ќе сакаат да присуствуваат на настанот, во Меморијалниот центар да пристигнат до 9 часот бидејки поради присуство на ВИП гостите ќе биде применет посебен режим во сообраќајот со запирање на сите возила и пропуштање на службените возила со првенство на минување.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќајот.