Италијанскиот производител на автомобили „Алфа Ромео“ има намера на купувачите да им понуди два СУВ модела, дознава сајтот Алфа Клуб.
Претпоставка е дека двата модела ќе бидат темелени на новата лимузина „Џулија“.
„Алфа Ромео“ почна со опсежна реконструкција на својата гама, а прв во серијата нови автомобили – седанот „Џулија“, беше претставен кон крајот на јуни.
Италијанскиот сајт пишува дека од двата СУВ модела, едниот ќе биде полуксузен, поскап кросовер, додека второто возило ќе биде помало и попристапно според цената.
Автимобилите ќе се изработуваат во фабриката Мирафиори во Италија.
Во недостаток од било какви официјални информации од „Алфа“, погледајте ја илустрацијата за која е заслужен независниот дизајнер Теофилус Шин и неговото видување на едниот од идните СУВ модели на италијанскиот производител. Инспирацијата ја нашол во дизајнот на моделот Џулија, од кој го копирал предниот дел на автомобилот.