Ципрас ќе одговара на пратенички прашања

Од:

Темите поврзани со поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис се очекува да доминираат на денешната седница на грчкиот Парламент на која премиерот Алексис Ципрас ќе одговара на пратенички прашања, јави дописникот на МИА од Атина.

Лидерот на ПАСОК, Фофи Генимата поднесе пратеничко прашање во кое побара Ципрас да заземе став во врска со Варуфакис и „неодамнешните откритија дека тој работел на план Б“, кој вклучувал воведување на драхмата.

Се очекува Ципрас да одговори и на прашањето кое неодмна го поднесе потпретседателот на Собранието, Никитас Какламанис за мерките против илегалната имиграција.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит