Пусиќ: Нема формални пречки за влезот на Хрватска во Шенген зоната

Од:

Хрватскиот министер за надворешни работи и европски прашања Весна Пусиќ денеска ја отфрли можноста Словенија да го блокира приемот на Хрватска во Шенген зоната, пренесе Хина.

-За тоа нема формални пречки и ако европската инспекција во 2016 година оцени дека се исполнети сите услови, Хрватска треба, може и се наметнува за влез во Шенген, рече Пусиќ.

Хрватската Влада денеска ја донесе конечната одлука за откажување од арбитражната процедура за решавање на граничниот спор со Словенија, по што одделни словенечки претставници ја повикаа официјална Љубљана да го блокира приемот на Хрватска во Шенген зоната.

Пусиќ потсети дека Словенија во Шенген влегла со идентичен проблем како Хрватска, и во тој однос формални пречки очигледно нема.

Би можело да ве интересира

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб