Лондон го одби барањето за шестмесечна британска виза на кинески уметник-дисидент

Од:

Познатиот кинески уметник и политички дисидент, Аи Веивеи не доби шестмесечна британска виза, затоа што „неодговорил“ на сите прашања што се наоѓаат во барањето за добивање виза.

Според објаснувањето на Одделот за имиграција при британската Амбасада во Пекинг, Аи „излажал“ затоа што не ја споменал „кривичната пресуда“ од кинеските власти за што имале податоци, амбасадата и имигрантските власти.

Кинескиот уметник, кои повеќепати комуницирал со Амбасадата, ги отфрла ваквите објаснувања на Британците, тврдејќи дека тој нема сторено никакво кривично дело.

Во 2011 година тој беше задржан во притвор 81 ден, но властите на Кина не покренаа обвинување против него, а ниту беше изведен на судење и осуден за да има криминално досие.

Во 2012 година Аи беше казнет да плати 2,4 милиони долари за „неплаќање данок“, но станува збор за граѓански спор за кој уметникот вели дека е „политички мотивиран“, поради неговите остри критики на политиката на кинеските власти.

Хоум Офисот во Лондон одби да го коментира случајот со визата на кинескиот дисидент. објаснувајќи дека имигрантската служба дејствува според определните законски норми.

Аи доби само 20-дневна виза за да присуствува во Лондон на отворањето на својата изложба.

Тој сепак не ќе може да учествува во неговата уметничка инсталација, закажана за 15 септември во лондонската Кралска академија за уметност.

Аи Веивеи и е добро познат на британската публика и тој практично со своите изложби во Лондон се прослави низ целиот свет. Досега уметникот-дисидент редовно добиваше британска влезна виза и тој никогаш нема споменато дека сака да ја напушти Кина и да се насели на Западот.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство