Нов водовод на улицата “Стефан Јакимов – Дедов”

Од:

Во рамките на проектот “Работно лето 2015“, општина Центар гради водовод во должина од 200 метри на улицата “Стефан Јакимов – Дедов”. Стручните служби во општината и градоначалникот Андреј Жерновски, на неколку средби со жителите ја согледаа потребата од нов водовод во овој дел од Центар.

Урбанизацијата и новоизградените објекти во Буњаковец го надминаа капацитетот за снабдување со вода на жителите, па постојната градежна инфраструктура не можеше повеќе да одговори на зголемените потреби. Се појавија проблеми на постојната водоводна линија и, од тие причини, се гради водовод на дел од улицата “Стефан Јакимов – Дедов” и дел од улицата “Коле Неделковски”, каде што воопшто не постои водоводна мрежа.

Ќе бидат поставени полиетиленски цевки ПЕ 100, кои ги задоволуваат стандардите за водоводни цевки под притисок и високите стандарди во однос на квалитетот на избраните материјали.

Општина Центар продолжува со подобрување на инфраструктурата. Водоводот на улицата “Стефан Јакимов – Дедов“ е четврт по ред зафат во месец јули, по пуштањето во употреба на улиците “Јоаким Крчовски“ на Кале, “Новопроектирана“ и улицата “Тасино Чешмиче“ на Водно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар