„Опел“ задоволен од продажбата на своите комерцијални возила

Од:

„Опел“ го забележа најдобриот полугодишен продажен резултат во сегментот на лесни комерцијални возила од 2008 година наваму, соопшти оваа германска компанија.

Бројот на регистрации на лесните комерцијални возила на „Опел“ во првите шест месеци од 2015 година е најголем во последните седум години, со зголемување од 25 отсто во однос на истиот период од 2014 година. Во апсолутни бројки, во првата половина на оваа година регистрирани се 51.500 лесни комерцијални возила на „Опел“. Пазарниот удел е зголемен за 0,56 отсто и сега изнесува 4,03 отсто.

Сите „Опелови“ модели во класата на лесни комерцијални возила доживуваат раст во обемот на производство. Моделот „Мовано“ напредуваше за 34 отсто, на околу 10.000 единици, и забележи најдобри резултати на сите времиња, како во делот на продажбата, така и во пазарниот удел.

Продажбата на „ Вивара“ е зголемена за 27 отсто, на речиси 29.000 единици, што е најголем обем на производствона овој „Опелов“ бестселер во овој сегмент, покрај, исто така, најголемиот број нови регистрации и најголем пазарен удел во историјата на овој модел.

Продажбата на „Комбоа“ е зголемена за 15 отсто, на повеќе од 9.500 единици, што е најдобар резултат на овој модел од 2011 година.

Продажбата на неодамна веведениот модел „Корсавано“ е зголемена за 14 отсто, на околу 3.000 парчиња.

-Извонредните полугодишни резултати покажуваат дека нашата стратегија во сегментот на лесни комерцијални возила функционира како што треба. Ревидираните „Мовано“ и новиот „Виваро“ на нашиот новоформиран тим за лесни комерцијални возила му обезбедија идеална платформа за зголемување на обемот на делување, рече Штефен Рашинг, директор на комерцијалните возила „Опел/Вауџхол“.

„Опел“ ги постигна најдобрите резултати во својата историја кога е во прашање полугодишната продажба, и тоа во Финска, Романија и Швајцарија, додека најдобри резултати од 2011 година постигна во Норвешка, Португалија, како и на големите пазари како Германија и Обединетото Кралство.

„Опел“ забележал зголемен број регистрации во сегментот на лесни комерцијални возила на повеќе од 22 европски пазари. пазарниот удел на брендот од Риселсхајм, исто така, е зголемен на 20 европски пазари.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ