Авион на компанијата „Бритиш ервејз“, кој летал од Лас Вегас до Лондон, принудно слета во Монтреал, поради бомбашка закана, јави ТАСС.
Причина за непланираното приземјување е информација за експлозивно средство во авионот.
Слетувањето поминало нормално, сите 312 патници го напуштиле авионот. Нема повредени.
Патниците се сместени во хотели во Монтреал и ќе заминат за Лондон со наредните летови.
Специјални сили на полицијата и полициски кучиња го проверуваат авионот за присуство на бомба.