Богата програма на Тетовското културно лето

Од:

На Тетовското културно лето вечер концерт ќе одржи Филхармонијата на Косово.

Во рамки на манифестацијата во градот се одржуваат повеќе културни активности, музички настани, изложби и драмски престави.

Тетовското културно лето се одвива на повеќе локации низ градот, во Центарот за култура и на градскиот плоштад. Дел од улицата „Дервиш Цара“ беше покриена со чадори, а навечер се одржуваа музички концерти на кои настапија Zig Zag Orchestra, The Code, XXL, Objective како и неколку диџеи.

Од денеска наредните настапи на музичките групи ќе се одржуваат на градскиот плоштад.

Манифестацијата, која е организирана од општина Тетово, почна на 20 јули, а ќе заврши на 5 август.

Би можело да ве интересира

Убиство во тетовско Боговиње

Во Кавадарци промовирана книгата „Татков праг“ од Данче Христова Младенова

Ми ставиле да платам и канализација, а ние во сокакот немаме канализација – тетовци три месеци добиваат погрешни комунални сметки

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Проектот „Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост на културната сцена во шест градови