Реконструкција на улица „Орце Николов“

Од:

Во рамките на „Работно лето 2015“ во општина Центар, во тек е реконструкција на улицата „Орце Николов„, од бул. „Климент Охридски“, се’ до улицата „Михаил Цоков“.

„На повеќето средби, кој ги имаше градоначалникот Андреј Жерновски со жителите на овој дел од Дебар Маало, беше констатирана неопхподна реконструкција на овој дел од улицата. Поради лошата состојба на завршниот слој на асфалтот, кој оневозможуваше нормално одвивање на сообраќајот. Вкупната површина на делот на кој се врши зафатот е 3600 м2, должина околу 520 метри и ширина – 7 метри.

Ul. Orce Nikolov (2)

Реконструкцијата се врши во неколку фази. Завршено е стругањето на асфалтот, а во тек е нивелирање на шахтите и замена на старите ивичњаци со нови. Последна фаза е асфалтирањето на улицата.

Истовремено, во Дебар Маало, се планира и реконструкција на улицата „Наум Наумовски – Борче“ и дел од улицата „Аминта Трети“, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар