Македонската судијка Биљана Атанасовски доби исклучително признание со делегирањето како втор асистент судија на финалето од Европското првенство за жени до 19 години, меѓу Шпанија и Шведска, кое се игра во Израел.
-За мене ова е прв финален турнир на УЕФА. Уште на самиот почеток бев пресреќна што УЕФА ми ја даде довербата да бидам дел од овој турнир. Бев максимално концентрирана од самиот почеток и го дадов својот максимум на сите четири натпревари. За мене самото делегирање во полуфиналниот натпревар меѓу Германија и Шведска претставуваше огромен успех. Конкуренцијата е навистина силна, и со оглед на тоа дека ова ми е прв настап на финален турнир, не можев ни да сонувам дека ќе дојдам до самото финале, изјави Атанасовски за официјалната интернет страница на ФФМ.
Финалето меѓу Шпанија и Шведска се игра денеска од 18:40 часот.
Главен делител на правдата ќе биде Лина Лехтовара од Финска.