Кинотека одбележува 60 години од првата филмска улога на Емил Рубен

Од:

Во рамките на „Охридско лето“, Кинотеката на Македонија организира кино-проекции со цел унапредување на филмската уметност и одбележување најзначајните јубилеи за македонската кинематографија.

Кинотека најави дека оваа година го одбележува значајниот јубилеј на еден од од бардовите на македонското филмско и тетарско актерство – 60 години од првата филмска улога на Емил Рубен.

На програмата при киното во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе бидат прикажани три филма кои одбележаа три периоди од актерска кариера на Емил Рубен – МАЛИОТ ЧОВЕК (1957, во режија на Жика Чукулиќ), ИСТРЕЛ (1972, во режија на Бранко Ивановски Гапо) и ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ (2012, во режија на Дарко Митревски).

Проекциите ќе се одржат на 28 јуни, вторник, со почеток во 19, 21 и во 23 часот.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ