Земјотрес со интензитет од 4,1 степен по Рихтеровата скала беше регистриран вчера на третиот крак од полуостровот Халкидики.
Епицентарот на потресот бил во реонот на Јерисос, на 90 км. од Солун на длабочина од пет километри.
Нема извештаи за повредени ниту за материјална штета.