Камерон сака референдумот за членството на Британија во ЕУ да се одржи во јуни 2016 година

Од:

Велика Британија ќе го одржи референдумот за своето членство во ЕУ за околу 12 месеца, пишуваат лондонските весници.

Британскиот премиер е убеден дека „забрзувањето на гласањето ќе му даде подобри шанси да извојува отстапки од Европа“.

Според медиумите, Камерон сака референдумот да се одржи во јуни 2016 година и планира да го објави датумот за време на конференцијата на Конзервативната партија во октомври.

Организирањето референдум за условите на британското членство во Унијата беше едно од предизборните ветувања на Камерон во мај. Првично тој изјави дека гласањето ќе се одржи до крајот на 2017 година. Откако забележа убедлива победа на изборите, Камерон започна обиколка низ европските престолнини, со цел да добие поддршка за својата намера.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство