Скопје (26.07.2015) Македонските одбојкари иако имаа шанса да го превземат водството против противникот, за време на вчерашниот натпревар го загубија првиот меч со Данска. На само чекор до победа, македонската одбојкарската репрезентација го заврши натпреварот со 3:2 во сетови, (27-29, 25-18, 25-18, 22-25, 16-18,).
„Со малку повеќе среќа мислам дека денес може да стигнеме до посакуваните бода против Данска. По вчерашниот натпревар можам само да кажам дека не секогаш победуваат најдобрите. Сметам дека со малку повеќе фокус и тактика на игра, ние можеме да ги совладаме Данците. Ги повикувам сите љубители на одбојката да дојдат денес во 17:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“ и да ја бодрат македонската одбојкарска репрезентација,” – изјави Жарко Ристоски, селектор на македонската одбојкарска репрезентација
Денес со почеток од 17 часот и 30 минути, двете селекции повторно ќе ги измерат силите на теренот. Шансите за успех и победа се на страната на домаќинот, но она што преостанува е да се дојде во што поголем број и да се даде поддршка на македонските одбојкари. Македонија е во група со Естонија, Данска, Полска, Австрија, Израел, а најдобрите две од групата одат во полуфинале.
,,Сметам дека она што не може да нѐ уништи, нѐ прави посилни. Момците се спремни, затоа денес со нови сили против Данска, се надеваме на победа и на резултат поволен за нас,” – изјави Зоран Карановиќ, генерален секретар на Одбојкарска Федерација на Македонија.
Освен фановите на македонската одбојка кои се очекуваат да дојдат денес на трибините и да дадат максимална поддршка за нашите одбојкари, еден од дополнителните поддржувачи и спонзори на Одбојкарска Федерација на Македонија е и Synergy Fitness & Spa.