(ВИДЕО) Шилегов: И „бомбата“ за Монструм немаше да влијае на вака поставеното обвинителство

Од:

Ние ги објавивме прислушуваните разговори или некаконитите или неморалните дејствија кои што ги имаше во предметот Сопот, па и во предметот на Љубе Бошкоски, дали нешто правно се смени во тие предмети во меѓувреме? Ништо. Доколку ги објавевме и за Монструм немаше да влијае на вака поставеното Јавно обвинителство и на вака поставеното правосудство во Република Македонија, вели Петре Шилегов, портпарол на СДСМ, во интервју за Радио Слободна Европа.

Вашите првични најави беа дека Груевски за три дена по објавувањето на „бомбите“ ќе си поднесе оставка, сега со договорот добивте три месеци пред избори тој да се тргне од функцијата. Задоволни ли сте од договореното во Пржино?

Од аспект на тоа зошто Груевски не си поднел оставка мислам дека е повеќе од јасно дека истиот е повеќе од инволвиран во толку криминални настани што едноставно не поднесува оставка за да може да ја спаси својата кожа. Ако гледате од аспект на тоа што беа приоритетни барања на Социјал-демократскиот сојуз уште лани кога кажавме дека не ги признаваме резултатите од предвремените парламентарни избори и кажавме дека бараме преодна влада, во таа фаза ја дефиниравме како техничка којашто ќе ги организира новите предвремени парламентарни избори и којашто нема да биде раководена од Никола Груевски, баравме, првичното барање беше промена на Јавниот обвинител и промена во менаџерскиот тим и уредувачката политика во МРТВ, со цел да дојде до независно, нормално информирање на македонската јавност од страна на јавниот сервис.

За првото добивте специјален обвинител, а второто не го добиве со договорите.

Факт е едно, дека Никола Груевски нема веќе никогаш во Република Македонија да предводи влада која ќе организираизбори. Од тој аспект гледано исполнето е барањето. Специјалниот јавен обвинител е приказна само по себе, фактички покажавме и докажавме и навистина не знам со кој кредибилитет се уште државниот јавен обвинител не си поднесува оставка, бидејќи со потпишувањето на договорот од страна на сите политички фактори се докажа дека државното јавно обвинителство и Марко Зврлевски и Јован Илиевски како перјаници, односно хиерархиски највисоките личности во тоа обвинителство се неспособни да спроведат независна истрага за, онака како што е во договорот дефинирано, пресретнатите телефонски разговори. Во рамките на работните групи кои сега се отвораат меѓу политичките партии со посредство на Европската комисија и на ОБСЕ/ОДИХР е опфатено и токму и на овие прашања, не само на Македонската телевизија, туку и Антикорупциската комисија, Државната изборна комисија, Управата за јавни приходи, Агенцијата за медиуми, така што и од тој аспект гледано неминовно е да дојде до промена на менаџерскиот тим на Македонската радио телевизија и уредувачката политика. Од тој аспект гледано ако ги имате како приоритет оние прашања што ние ги поставивме како таргети, да исполнети се. Дали можело да биде подобро? Секогаш можело да биде подобро. Дали можело да биде полошо? Секогаш можело да биде полошо. Вака постигнатиот договор ние го дефинираме како добра можност Република Македонија на мирен и демократски начин да излезе од сериозната политичка и државна криза.

Има ли време до 26 април да се реализира се што е договорено, бидејќи се договорени сериозни работи, со оглед на тоа што работата на работната група веднаш почна со некакви пречки?

Ако се работи посветено на имплементација на одредбите од договорот и на имплементација на препораките содржани во извештајот на Прибе и на Европската комисија, има време. Она што сакам да го потенцирам и што го кажуваме недвосмислено, Социјал-демократскиот сојуз на Македонија е доследен во своите ставови, како што рековме дека нема да дозволиме уште еднаш Никола Груевски да организира предвремени парламентарни избори, така и сега кажуваме нема да дозволиме какво било изигрување, ниту на одредбите, ниту пак на дефинираните термини содржани во договорот.

На што очекувате најмногу да запне реализацијата на договорот? На која тема?

Нема да може ВМРО-ДПМНЕ да се обиде со своите маалски, детски или шибицарски финти да го изигра овој договор, така што какви било обиди од нивна страна, што гледате и сами, уште од старт се обидуваат да ги направат, едноставно нема да бидат дозволени од наша страна.

Доколку не се обезбедат услови за фер и демократски избори, ќе оди ли СДСМ на избори на 26 април.

Се наоѓаме во еден период, една недела откако е случен овој договор и неблагодарно е за тој договор сега да зборуваме во негативен контекст, велиме дека се уште е рано, се уште сме на почетокот на имплементација на овој договор и ајде да му дадеме на тој договор шанса. Ако ме прашувате дали Социјал-дмократскито сојуз има план Б, секако дека има. Резервните варијанти ќе бидат предмет на имплементација, бидејќи веќе постојат, ако дојде до нарушување на овој процес.

Би можело да ве интересира

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Експлозија на лет од Крит: Патниците извикуваа „бомба, бомба, бегајте“