Англиски свештеник крадел пари за венчавки и погреби

Од:

Британската полиција денеска трага по свештеник од англискиот град Дартон кој е осуден поради присвојување пари кои му се давани за венчавки и погреби.

Сајмон Рејнолдс пред судот во Шефилд е прогласен за виновен за незаконско присвојување на околу 24.000 фунти, т.е. околу 37.000 долари од фондовите на Црквата на Англија.

Педесетгодишниот маж вчера, меѓутоа, не се појави пред судот, кога поротата ја соопшти одлуката за неговата вина за кражба по четири основи.

Како што пишува „Дејли мејл“, Рејнолд дал кауција да биде на слобода додека поротата не донесе одлука.

Меѓутоа, тој не се појавил на соопштувањето на одлуката, па судијата издал налог за негово апсење.

Рејнолдс бил свештеник во црквата Сите светии в Дартон на северот на Англија од 2007 до 2013 година.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство