Отворено ново детско игралиште во Градски Ѕид

Од:

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски го отвори детското игралиште во Градски Ѕид, на плочникот помеѓу Агромеханика и Клубот на новинари.

Ова современо, комбинирано детско игралиште на 250 м2, е наменето за деца на возраст од 3 – 11 години. Изработено е од дрвени елементи, составено е од две куќарки, платформа, столбови за качување со јаже, двојни лулашки и лизгачи со различни висини, а реквизитите – со амортизери, за најмалите.

Плочник - детско игралиште (12)

Комплексот е надополнет со урбана опрема (канти за отпадоци и клупи). Поставена е заштитна гумена подлога, која ќе ги намали повредите на децата, лесна е за одржување и чистење и особено е важно што ги заменува старите типови на нехигиенски подови.

Игралиштето е поставено на оваа локација, на барање од граѓаните, кои изречно бараа преместување на детското игралиште кое досега се наоѓаше на бул. Климент Охридски, во близина на бензинска пумпа и сред градски метеж.

Плочник - детско игралиште (1)

Новата локација е далеку од сообраќај, а техничкото решение овозможува поефикасно одржување на целиот комплекс.

На поранешната локација на игралиштето ќе никне заштитен зелен појас.

Планирано е комплетна реконструкција на три други детски игралишта (Индијанско маало, Француски културен центар и кај Коктел Бар-от), како и кај Зелен пазар.

И овој реализиран проект е во рамките на „Работното лето 2015“ во Центар.

Плочник - детско игралиште (8)

Плочник - детско игралиште (9)

Плочник - детско игралиште (7)

Плочник - детско игралиште (6)

Плочник - детско игралиште (4)

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски