Енди(32) и Најел Ашкар(36), по потекло палестинци, пред 6 години освоиле 5 милиони долари на инстант грепка.
Тие пари можеле од корен да им го сменат животот, но токму поради тоа , одлучиле тој момент да го одложат. Двајцата браќа милионери неодамна одлучија да си ја земат добивката, и тоа 11 дена пред истекот на рокот.
Постариот брат објаснил дека долго чекале затоа што стравувале дека ненадејното богатство може да ги „расипе“.
Помладиот пак, стравувал дека девојката која тукушто ја запознал ќе остане со него само поради парите. По шест години девојката го „положи“ испитот, и сега ја чекаат 2,5 милиони долари кои припаѓаат на нејзиниот сопруг.
Браќата Ашкар, грепката ја купиле во продавница, која ја држеле нивните родители, кои емигрирале од Ерусалим во Америка пред 40 години.