Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон имаше најдобри времиња на првите тренинзи на Хунгароринг, пред големата награда за Унгарија.
Британецот најдобриот круг го извози со време од 1:23.949 минути. Второто место со три стотинки заостанување го освои Даниел Квајт од Ред бул, а трето време имаше неговиот тимски колега Даниел Рикардо.
Последниот слободен тренинг ќе се вози во сабота од 11:00 часот, а квалификациите на програмата се три часа подоцна во 14:00 часот.
Трката за големата награда на Унгарија, 10-та во сезоната, започнува во недела од 14:00 часот.