Во мај годинава во Македонија вкупно се потрошени 590.609 мегаватчасови електрична енергија, 3.088 милиони нормални метри кубни природен гас, 436.763 тони јаглен и 75.563 тони нафтени продукти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 70 проценти во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, а 95,9 проценти од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.