Постигнат нов светски рекорд за забрзување од 0 до 100 километри на час

Од:

Студенти од Универзитетот во Штутгарт, во Германија, изработија електрично возило „Грин Тим“ што од 0 до 100 километри на час забрзува за 1,779 секунди, со што светскиот рекорд е подобрен за 0,006 секунди.

Новиот светски рекорд е постигнат со возило чии четири електрични мотори комбинирано нудат 136 коњски сили. Преносот на силата се врши на сите четири тркала. Капацитетот на батериите изнесува 6,62 кило Ват часа, а масата на „електричната формула“, што е конструирана за Формула Студент натпреварувањето изнесува само 160 килограми.

Одличниот резултат е постигнат благодарение на соодносот на силата и масата, што во овој случај изнесува 1,6 килограми на еден кило Ват. За споредба Бугати Верон Супер Спорт има однос 2,08 килограми на еден кило Ват, а Порше 918 Спајдер 2,5 килограми на кило Ват.

Новиот светски рекорд се уште не е официјален, а наскоро се очекува негова официјалн потврда со што германските студенти ќе се запишат во Гинисовата книга на рекорди.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ