Ципрас: Борбата на грчкиот народ нема да биде залудна

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа истакна дека борбата на народот нема да биде залудна и оти „демократскиот патриотизам на оние кои се противеа за време на седумте години на диктатура во Грција ќе биде водич за враќање на суверенитетот на земјата, кој беше загубен како резултат на економската криза“.

– Денес, 41 година по падот на диктатурата на полковниците, наметната од странство, им одаваме чест на борците кои биле затворени, се бореле и се жртвувале за да може демократијата да се врати во нашата земја, рече тој.

Ципрас зборуваше на меморијален настан за одбележување на 41-годишнината од падот на воената диктатура во Грција (1967-1974), во организација на Здружението на заробените и прогонетите борци на отпорот.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната