„Камаз“ планира годинава да продаде 7.000 камиони

Од:

Најголемиот руски производител на товарни возила, „Камаз“, има намера годинава во странство да продаде 7.000 возила, изјави заменик директорот на „Камаз“ за продажба и сервис, Сергеј Афанасјев.

Тоа е за илјада возила повеќе од минатата година, објавено е во компанискиот весник.

-Растечката продажба на странските пазари не е само резултат на девалвацијата на руската рубља, туку и на отворањето на поголем број нови можности и договори, рече Афанасјев.

На тој начин, „Камаз“ може годинава да ја зголеми продажбата во странство за 17 отсто, пренесе Финмаркет.ру.

Главен странски пазар за „Камаз“ останува Казахстан, укажа заменик директорот.

Меѓутоа, додека пред една година рускиот производител на товарни возила во тој регион реализира две третини од извозните продажби, оваа година тој удел ќе опадне речиси за половина. Многу активно годинава се испраќаат камиони во Туркменистан и Виетнам. Постои цела низа проекти што се однесуваат на Африка, земјите од Блискиот исток, Латинска Америка и Заедницата на Независни Држви, објасни Афанасјев.

Тој уште додаде дека „Камаз“ активно бара можност за излегување на кинескиот пазар. Компанија од секогаш со интерес гледала на пазарот во Кина, каде без локален партнер тешко може да се оствари успех.

-Врз основа на таквиот взаемен интерес ние се обидуваме во најскоро време да најдеме клуч за тој гигантски и за „Камаз“ многу интересен пазар, рече тој.

Претходно беше објавено дека извозните испораки на „Камаз“ во 2014 година достигнале 6.087 возила и комплети за монтажа, што за 6,8 отсто ги надмина показателите за 2013 година.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ