Најмалите деца играчките често ги ставаат во уста, а омилените детски реквизити се полни со прашина, бактерии, пособено ако детето секаде ги ноци – во градинка, во парк, кога оди на гости.
Шише алкохол во торба е најдобро решение, но и влажни марамчиња можат да послужат кога не сте дома. Микроорганизмите на играчкие можат да предизвикаат респираторни и стомачни болести, па играчките треба да се перат ако со него играло друго дете кое кашлало или кивало.
– Тропалки и сите играчки со кои бебето секојдневно си игра треба да се варат на крајот на денот. Кога играчката ќе падне на подот, немојте да му ја давате на бебето се додека не ја измиете;
– Патки, делфини и со она со што децата си играат во када, по секопја употреба треба добро да се исушат, за да се отстранат габиците и бактериите;
– Пластични и дрвени реквизити за забава како коцки, автомобили, камиони и садови, перете ги со благ детергент или течност за садови во млака вода, а потоа темелно исплакнете;
– Платнените играчки треба да се перат во машина за алишта и да се сушат на жица за да не ја изгубат формата;
– Кадифените играчки најмногу собираат прашина, па треба редовно да се тресат.