Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација Жарко Ристоски посакува максимални шест бода против Данска за задржување на шансите за пласман во полуфиналето во Европската лига.
– Не очекува двомеч со познат противник. По освоените шест бода со Израел, од големо значење е да ги освоиме максималните шест бода и против Данска, репрезентација која лани ни откина еден бод. Имаме респект кон противникот, но одиме на две победи. Покажавме дека можеме да играме на високо ниво, сите играчи се на располагање, изјави Ристоски.
Генералниот секретар на федерацијата Зоран Карановиќ упати апел до љубителите на одбојката во што поголем број да дојдат во СЦ „Борис Трајковски“ најавувајќи подобри услови од средбите со Израел кога се играше на многу висока температура без вклучени климатизери.
– Салата ќе биде климатизирана. Ја повикуваме публиката во што е можно поголем број да дојде и да ги бодри одбојкарите, рече Карановиќ.
Првиот натпревар е в сабота во 20:15 часот, а вториот в недела со почеток од 17:30 часот.
Табела: Естонија 12 бодови (4 натпревари), Полска 10 (6), Австрија 8 (4), Македонија 6 (4), Данска 3 (4) и Израел 3 (6).
Во полуфиналето одат првите две селекции.