Земјотрес со јачина 5.1 степен по Рихтеровата скала, го погоди северниот регион Емилиа Ромања, во Италија.
Според соопштението од полицијата, никој не е повреден.
Земјотресот, чиј епицентар беше во близина на градот Конкордија е 3-ти по ред силен потрес,од 20-ти мај, кога загинаа 23 лица, а илјадници останаа без домовите.
Жителите и понатаму живеат во страв, пренесува АФП.