Руска ракета пристигна на Меѓународната вселенска станица

Од:

Руската ракета-носач „Сојуз“ со астронаути од Русија, Јапонија и САД, денеска шест часа по лансирањето, се спои на Меѓународната вселенска станица, објави тв станицата на американската вселенска агенција НАСА.

Капсулата во 4.45 часот по централноевропско време се поврза со вселенската станица, која се наоѓа на 400 километри над земјата.

Астронаутите Олег Кононенко од Русија, Кјел Линдгрен од САД и Кими Ју од Јапонија полетаа од рускиот космодром во Казахстан „Бајконур“ синоќа во 23.02 минути.

Еден соларен уред кој собира сончева енергија не е активиран на време, но тоа не влијаело на летот бидејќи другите функционирале, наведе НАСА.

Ракетата пристигна во орбитата 15 минути по лансирањето и ја обиколи Земјата четири пати пред да се спои со вселенската станица.

Научници ширум светот, како и сите вљубеници во вселената, синоќа го набљудуваа лансирањето, извршено два месеца откако рускиот вселенски товарен брод без човечки екипаж „Прогрес“ изгоре во атмосферата кога руски инженери од Земјата изгубија контрола врз него. Причина за пад на „Прогрес“, според руски инженери, бил дефект на ракетата „Сојуз“.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети