Тешко повреденото момче во сообраќајката во Куманово, пренесено на скопските клиники

Од:

Четиринаесет годишниот Д.П од Богданци е тешко повредено во вчерашната сообраќајна несреќа што се случи  во 16.50 часот на обиколниот пат кон населбата „Карпош“ во Куманово, информираа денеска од кумановската полиција.

Момчето е пренесно во кумановската болница и поради сериозноста на повредите пренесен е во скопскиот клинички центар.

Како што соопштија од СВР Куманово во момчето удрил автомобил „мерцедес“ со кумановски регистарски таблици, управуван од 36 годишната Г.С од Куманово.

Несреќата, информираше портпаролот на СВР Куманово,Валентина Николовска, се случила кога и автомобилот и пешакот се движеле по десната коловозна лента на патот. На момчето му паднала топката која ја носел во раце и тоа се стрчало по неа. Во тој момент на обиколниот пат се движел и „мерцедесот“ кој удрил во пешакот.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата