Во Дебар издадени првите регистарски таблички со ДБ

Од:

Полицисиката станица во Дебар ги издаде првите собраќајни регистарски таблички со новата ознака ДБ, која ќе важи и за возилата на општина Центар Жупа, потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Во двете општини има околу четири илјади возила.

Инаку, Дебар беше една од малкуте општини кои немаа сопствени регистарски таблички. До пред четири години, на возилата стоеа регистарски таблички со ознака на Охрид, додека од летото 2011 година, Дебар е со регистарски таблички на Струга.

Барање за сопствени ознаки во договор со општина Центар Жупа, до надлежните достави општина Дебар, а позитивниот одговор пристигна на почетокот на минатиот месец, кој сега почна и да се имплементира.

Би можело да ве интересира

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини