Денешните написи во дел од медиумите, блиски до власта, за наводен скандал во општина Центар за назначување на главен инспектор на лице, за кое тврдат дека е хаус-мајстор, се невистинити, крајно тенденциозни и шпекулативни, наведуваат од општина Центар.
И Државниот управен инспекторат, кој е инаку е редовен „гостин“ во Центар, констатирал со записник дека не се утврдени никакви недостатоци во назначувањето на лицето Кочо Стојчески за раководител на Сектор за инспекциски работи.
Инспекторатот констатирал дека постапката била водена во согласност со Закон и затоа Управниот инспекторат нема да превземе други мерки, согласно позитивните законски прописи. За општина Центар, ова е само продолжение од притисоците кои власта и дел од медиумите ги вршат секојдневно, со цел општина Центар да работи законски во интерес на граѓаните, реагираат од општина Центар.
Директен мотив за овој напис е објавувањето за незаконското пуштање во употреба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ кое узурпира и земјиште, сопственост на Р.М. и констатираната дивоградба на влезот на партиското седиште. Градоначалникот, Андреј Жерновски, напоменува дека ова не само што нема да го спречи , напротив го мотивира да работат уште поинтензивно за подобрување на квалитетот на живеењето, велат од општина Центар.