Државјанин на Турција и Холандија екстрадиран во САД за тероризам

Од:

Државјанин на Турција и Холандија, обвинет за собирање средства и врбување во Европа на борци за исламска екстремистичка група, активна во Авганистан, е екстрадиран во САД и обвинет за тероризам, соопшти американскиот Стејт департмент.

Ирфан Демирташ (56), кој е обвинет за обезбедување на материјална поддршка за „Исламското движење на Узбекистан“, вчера беше изнесен пред суд во Федералниот округ Колумбија.

Демирташ, познат и како Насрулах, е уапсен во Германија во јануари со меѓународна потерница за апсење од Интерпол, а екстрадиран во САД на 17 јули. Тој е осуден во отсуство во декември 2011 година за активности, што ги вршел како жител на Холандија, во Пакистан, Авганистан, Турција, Јордан, Холандија, Франција и други земји.

Организацијата, која се нарекува „Исламска партија на Туркестан“, е призната за терористичка во САД и во Русија. Демирташ се соочува со затворска казна до 70 години.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија