„Нисан“ стана најпродаваниот јапонски бренд во Европа

Од:

„Нисан“ стана најпродаваната јапонска автомобилска марка во Европа, претекнувајќи ја на првото место компанијата „Тојота“.

Освен тоа, јапонскиот производител продал најмногу возила на европскиот континент од сите азиски авто-компании.

Во текот на првите шест месеци од 2015 година, „Нисан“ го зголемил бројот на испорки во Европа за 4,3 отсто (од 368.314 на 384.726), во споредба со истиот период од 2014 година.

Најголемиот раст во продажбата е забележен во Велика Британија (+34 отсто), Шпанија (+18 отсто) и Германија (+11 отсто)

Благодарение на добрите продажни резултати во првата половина од годината, „Нисан“ стигна до 4,2 отсто од пазарниот удел во Европа, а најголемите заслуги за успехот на компанијата и припаѓа на втората генерација на кросоверот „Кашкаи“.

Според податоцуте на автокуќата „ЈАТО Динамикс“, на европските купувачи во првите пет месеци од 2015 година им се испорачани дури 101.579 примероци оде „Нисан Кашкаи“, додека во истиот период глобалната продажба на овој модел достигна 249.164 парчиња.

„Нисан Кашкаи“ во последните две години беше единствениот азиски модел што се најде на листата на 10 најпродавани модели на европскиот пазар.

Судејќи според досегашните резултати, овој кросовер има реални изгледи да и крајот на 2015 година го дочека меѓу првите десет.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ