Во Јужна Кореја МЕРС сега е под контрола

Од:

Болниците во Сеул во кои се појави и ширеше фаталната зараза од вирусот МЕРС од денеска се враќаат кон нормална работна состојба. Во последниве две недели во Сеул немаше пријави за нови случаи зафатени со болеста кај нас позната како Нилска треска, од која во Јужна Кореја до сега починаа 36 лица.

Појавата на смртоносната болест во Јужна Кореја, прв пат регистрирана на 20 мај беше причина над 6.000 лица да бидат ставени во карантин, а вкупниот број на заболени се искачи до 222 лица. Најголем дел од заболените се инфицирани во болницата Самсунг, која важи за елитна медиинска установа во Јужна Кореја. Над една третина од заболенитесе о медицинскиот персонал на болниците во Сеул и околината.

Покрај тоа што внесе паника меѓу населението, појавата на вирусот МЕРС нанесе и значителна економска штета на Јужна Кореја. Покрај другото, над 120.000 странци го откажале доаѓањето во таа држава од кога започна епидемијаа, а на повеќе корејански бизнисмени странските партнери им ги одлжуваа договорените состаноци.

Би можело да ве интересира

Најголемите епидемии и пандемии во светот во изминатите 100 години

Ана Ололовска

Јужна Кореја објави крај на епидемијата од МЕРС

Ана Ололовска

Јужна Кореја објави крај на епидемијата од МЕРС

Ана Ололовска

Поради стравот од МЕРС над половина милион туристи од Кина и Јапонија не дошле во Јужна Кореја

Ана Ололовска

Триесетина луѓе во карантин во Чешка поради сомнителен случај на МЕРС

Ана Ололовска

Нова, 32 жртва на вирусот МЕРС во Јужна Кореја

Емир Латифовиќ