Одбојкарската репрезентација на Македонија во третиот дуел ја забележа првата победа оваа сезона во Европската лига. Синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ совладан беше Израел со убедливи 3-0.
По слабата игра и двата пораза минатиот викенд од Естонија, избраниците на селекторот Жарко Ристоски прикажаа одлична партија препуштајќи му на противникот само 13 поени во првиот, 18 во вториот и 19 во третиот сет.
Денеска од 17 часот и 30 минути двете репрезентации ќе го одиграат втрориот меѓусебен дуел, исто така во СЦ „Борис Трајковски“.
На првиот вчерашен натпревар од А-групата, Естонија на домашен терен ја совлада Полска со 3:1.
Табела: Естонија 12 бодови, Полска 10, Австрија 8, Македонија 3, Данска 3 и Израел 3.