Над 5.000 луѓе загинаа во борбите ширум Сирија за време на муслиманскиот свет месец Рамазан, кога сите воени судири се забранети, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права.
Во периодот од 18 јуни до 16 јули загинаа 5.026 луѓе, меѓу кои најмалку 1.220 цивили, посочува Опсерваторијата со седиште во Лондон.
Во судирите загинаа 1.665 припадници на џихадистичките групи Исламска држава, Нусра фронт и други екстремистички организации, како и 564 сириски борци од различни бунтовнички и исламски фракции, како и од Единицата за заштита на курдскиот народ.
Сириската Влада изгуби 775 војници и офицери, 642 припадници налокалните милиции, 99 прорежимски борци и 38 членови на Хезболах, сојузник на сирискиот режим.
Во Сирија граѓанската војна трае од март 2011 година.
Според Обединети нации во конфликтот загинале повеќе од 220.000 луѓе, а над 11 милиони Сиријци се раселени, што е една од најтешките химанитарни кризи во светот.