ВИДЕО: Трагедија во светот на Формула 1 – почина Жил Бјанки!

Од:

Францускиот возач на Формула 1, 25-годишниот Жил Бјанки почина од тешки повреди на главата со кои се здоби во текот на минатата година, на трката во Јапонија, потврди неговото семејство.

Младиот возач, на кобниот 5-ти октомври, на трката за Големата награда на Јапонија со голема брзина удри во кранот крај патеката, кој го отстрануваше болидот на Адријан Зутил.

Веднаш беше префлен во болница, но поради сериозноста на повредите, докторите го ставија во вештачка кома.

Иако во еден момент неговата состојба почна да се подобрува, излезе од кома и почна самостојно да дише, Бјанки до последниот ден остана без свест.

bianchi_kolaz_S1_704562S1

„Жил се бореше до крај, како и секогаш, но денеска неговата битка заврши“, пишува во соопштението за јавноста кое го даде неговото семејство.

„Болката што ја чувствуваме е голема и не се опишува“.

Jules-BianchiST

Бјанки во сезоната 2013-та и 2014-та извозе 34 трки, а во Монте Карло, за големата награда на Монако заврши на 9. место и ги освои првите бодови за својот тим, Марусија.

Jules Bianchi 5 oct

 

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес