Отфрлено обвинението против Милан Бандиќ

Од:

Загрепскиот Жупаниски суд денеска го отфрли обвинението против градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, неговиот соработник Ивица Ловриќ и директорката на „Загрепскиот пазар“, Зденка Палац за проневера на најмалку 308.000 куни (40.500 евра).

Хравтската управа за борба против организираниот криминал ги товареше Бандиќ, Ловриќ и Палац дека на здружението „Во име на семејството“ му овозможиле да се стекне со противзаконска корист од најмалку 308.000 куни.

Според адвокатката на Бандиќ, Јадранка Слоковиќ, Судот донел ваква одлука бидејќи увидел дека постапките на осомничените немаат карактеристики на кривично дело.

Претставник на Јавното обвинителство од своја страна најави жалба на ваквата судска одлука до Врховниот суд на Хрватска.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Хрватска

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка