Најуспешен прв ден на 13-тиот по ред Фестивал на пивото и скарата во Прилеп. Организаторите на денешната средба со новинарите излегоа со најава за уривање на рекордите. Десетици илјади граѓани сношти пристигнаа во Прилеп.
Слаткаристика и Љубојна го отворија овогодинешниот ПивоФест, а потоа следуваше ѕвездата на вечерта Саша Ковачевиќ.
Денеска и во наредните два дена ќе бидат срушени сите рекорди кои ги поставивме на претходниот Фестивал на пивото, посочи градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.
Синоќа посетителите, меѓу кои имаше и доста иселеници од странство кои годишниот одмор го користат во татковината, пријатно изненадени и со пофални зборови за Пивофестот.
Вечерва посетителите ќе ги забавуваат: Radio Activ, ZAA, DNK и Прљаво Казалиште.