Во следните две години Хрватска ќе прифати до 550 бегалци од држави вон Европската унија и со тоа заедно со останати членки на Унијата ќе им помогне на Грција и на Италија кои имаат засилен притисок од азиланти. Тоа го одлучи хрватска Влада на седница одржана денеска.
Владата донесе одлука и за преместување и преселување на државјани од трети држави кои исполнуваат услови за одобрување меѓународна заштита.
– Тоа е одговор на бројните хуманитарни катастрофи кои во последно време се случуваат во Медитеранот и засилениот притисок на системот на ЕУ за азил, пред се во Италија и во Грција во кои доаѓаат голем број баратели на меѓународна заштита како и голем број раселени лица од Сирија, изјави Ранко Остоиќ, минстер за внатрешни работи.
Владината одлука е имплементација на заклучоци на ЕС за давање помош на 60.000 луѓе.