Почнува прилепскиот Пиво фест 2015

Од:

Во Прилеп денеска започнува Фестивалот на пивото – Пиво фест 2015.

Организаторите информираат дека се е подготвено за стартот на манифестацијата, која што годинава очекуваат да ја посетат над 350 илјади гости од земјава и странство.

– Прилеп веќе пулсира во ритамот на најлудата забава на овие простори. Прилепчани со нетрпение го очекуваат почетокот на овој спектакл. Се прават последните координативни состаноци за се да помине како што треба. Прилеп и оваа година ќе докаже дека е подготвен за организирање настани од европски калибар, велат организаторите.

На 20.000 метри квадратни се поставени 30-тина штандови. Хотелските капацитети и приватното сместување се речиси исполнети, а место се бара и во околните градови. Поради подобра услуга продолжено е работното време на сите трговски и угостителски објекти во градот, а за гостите кои ќе дојдат со возила на располагање се преку 20.000 паркинг места.

Би можело да ве интересира

Прилепски „Пивофест“ од 18 до 21 јули

Ана Ололовска

Пиволенд прераснува во „Skopje beer fest“

Ана Ололовска

Прилеп подготвен за вечерното отворање на „Пивофест“

Ана Ололовска

Почнаа подготовките за „Пивофест 2018“

Ана Ололовска

Заврши 15. „Пивофест“ во Прилеп

Ана Ололовска

Последна вечер на „Пивофест“ во Прилеп

Наум Локоски