Тојота поради дефект повлекува над 600.000 хибридни возила

Од:

Јапонската компанија „Тојота“ денеска објави дека повлекува 625.000 хибридни автомобили од пазарите низ целиот свет, поради технички проблеми што предизвикуваат ненадејно запирање на возилото.

Според соопштението на компанијата проблемот е поврзан со софтверот што ја контролира силата на моторот.

Тојота наведува дека засега не се регистрирани несреќи или повредени поради овој дефект.

– Во некои ситуации хибридниот систем може да се исклучи во текот на возењето, што резултира со губење на сила и запирање на возилото, се наведува во соопштението на компанијата.

Над половина од повлечените возила се продадени во Јапонија, а остатокот во Северна Америка и Европа од мај 2010 до ноември 2014 година.

Тојота досега има продадено над седум милиони хибридни возила во светот од претставувањето на првата генерација на Приус во 1997 година.

Јапонската компанија моментално во својата понуда има околу 30 хобридни модели во над 90 земји низ светот.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ