Британски авион-ловец по грешка истрелал две ракети на Кипар

Од:

Британски воен авион, кој се враќал кон воената база во јужниот дел на Кипар, случајно истрелал две ракети на копно, кои за среќа не експлодирале и не предизвикале човечки жртви, соопштија претставници од Воената база на британското воено воздухопловство Акротири.

Авионот „Торнадо ГР4“ при слетувањето во базата Акротири, во близина на крајбрежниот град Лимасол, истрелал две ракети „бримстон“.

Портпаролот на британското воено воздухопловство Кристијан Греј изјави дека ракетите не експлодирале и моментно на нивно отстранување работат експерти од британското Министерство за одбрана.

– Колку што знаеме, ова е првпат да се случи такво нешто. Причините се уште не се познати, а истрагата е во тек, истакна Греј.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство